Македонија

Локацијата за Националниот дата-центар е избрана: Проект од 20 милиони евра за зголемена сајбер-безбедност

Локацијата за Националниот дата-центар е избрана: Проект од 20 милиони евра за зголемена сајбер-безбедност

Националниот дата-центар најверојатно ќе се гради во близина на технолошко-индустриските развојни зони Скопје 1 и 2. Локацијата е избрана поради близината до автопат, оптичка мрежа и можноста за идна изградба на фотонапонска централа за сопствено напојување со електрична енергија.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изнесе детали за финансирањето, временската рамка и планирањето на овој капитален проект:

  • Финансирање и партнери: Вкупниот буџет за проектот е фиксен и изнесува 20 милиони евра (70% за објектот, 30% за опрема), при што 30% се грант-средства. Поради некомпатибилност со барањата на ЕУ, Светска банка отпадна како финансиер, па Владата преговара со меѓународни институции компатибилни со Планот за раст на ЕУ, како што е Банката на Советот на Европа.
  • Временска рамка и пазарни предизвици: За изградба и пуштање во употреба ќе бидат потребни меѓу две и две и пол години. Набавката на хардверот е планирана за периодот 2027–2028 година, кога се очекува стабилизација на цените на опремата кои изминатово време пораснаа поради елаборацијата на вештачката интелигенција во глобални рамки.
  • Модуларен дизајн: Објектот ќе се гради модуларно, што овозможува постепена надградба на инфраструктурата, колокација на опремата од институциите и идна имплементација на технологии за вештачка интелигенција.

По завршувањето на изградбата ќе започне миграцијата на податоците од сите државни институции кон новиот центар. Овој чекор значително ќе ја подигне нивото на сајбер-безбедноста во земјава, каде досега единствен резервен центар од ваков тип е оној на МВР во Прилеп.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни