Од денеска до четврток, актуелни ќе бидат натпреварите во двата европски фудбалски купови.
Со дуелите во Доњецк и Мадрид кои ќе започнат од 18 часот и 55 минути ќе биде отворена третата рунда во Лигата на шампионите.
ПСЖ, Манчестер Сити, минхенски Баерн и Ајакс се четирите екипи кои во првите две кола забележаа по две победи, додека Лил, Бенфика, Баер Леверкузен и Аталанта сеуште немаат освоено бод.
Најголем интерес вечерва ќе привлечат дуелите во Истанбул и Лондон, каде Галатасарај го пречекува Реал Мадрид, додека Тотенхем е домаќин на белградска Црвена Звезда.
Комплетни двојки за денешните дуели во Лигата на шампионите.
А група ГАЛАТАСАРАЈ – РЕАЛ М.
БРИЖ – П.С.Ж.
Б група ТОТЕНХЕМ – ЦРВЕНА ВЕЗДА
ОЛИМПИЈАКОС – БАЕРН М.
Ц група ШАХТЈОР – ДИНАМО ЗАГРЕБ 18,55 часот
МАНЧЕСТЕР С. – АТАЛАНТА
Д група АТЛЕТОКО М. – БАЕР Л. 18.55 часот
ЈУВЕНТУС – ЛОКОМОТИВ М.
ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ СЕ ИГРААТ ВО ТЕРМИНОТ ОД 21 ЧАСОТ.
Останатите осум средби во Лигата на шампионите ќе се играат утре, а во четврток на програмата се дуелите од 3.коло во Лига Европа