„Длабоката држава” во Македонија ги нарушува нормалните односи меѓу Бугарија и нашата земја. Од бугарската страна никој не сака промена на Уставот на Северна Македонија, а ниту пак нов договор, изјави Љубчо Георгиевски во интервју за бугарската агенција БГНЕС, за време на неговата посета на Софија.
Н: Кој ги нарушува нормалните односи меѓу двете земји?
ТВ21 го праша Георгиевски на кого се однесува кога вели „длабока држава“ на што добивме кус одговор:
Немам коментар!
Георгиевски како претставник на помала партија во коалицијата со СДСМ, оствари средби со цел како што вели, олеснување на преговорите Бугарија-Македонија.
Го прашавме и премиерот Зоран Заев како ја коментира изјавата на Георгиевски за „длабоката држава“ и дали може некој друг да преговара со Бугарија, освен Владата. Одговор на овие прашања, од премиерот не добивме.
Георгиевски смета дека југословенската историографија ја признала македонската нација како најмлада на Балканот, а како што вели, Никола Груевски со антиквизацијата ѝ нанел тежок удар на земјата.
Георгиевски додава дека би било многу лошо ако Бугарија стави вето за Северна Македонија во Европската Унија. Ако до декември нашата земја и Бугарија не постигнат договор за отворените прашања, тогаш Македонија ризикува да не ги стартува пристапните преговори со ЕУ.
.
