Свет

Луѓето скокаат преку терасите за да се спасат, огнот проголта се пред нив: Застрашувачка снимка од пожарот во Валенсија

Луѓето скокаат преку терасите за да се спасат, огнот проголта се пред нив: Застрашувачка снимка од пожарот во Валенсија

Најмалку 13 лица се повредени во пожар што денеска уништи 14-катница во шпанскиот град Валенсија и се прошири во соседната зграда, соопштија властите.

Зградата има 138 домови во кои живеат околу 450 луѓе.

Пожарот што избувна претходно денеска создаде облак од густ чад и на пожарникарите многу тешко се справуваат со огнената стихија.

За само половина час пламените јазици ја зафатија целата зграда која е изградена во 2008 година.

На социјалните мрежи кружат видеа на кои се гледа како луѓето скокаат преку тераси за да се обидат да избегаат од пожарот кој зафаќа се пред нив.

Според првичните информации, повредени се 14 лица, меѓу кои и шест пожарникари.

Температурата во зградата е толку висока што стана невозможно да се влезе во неа.

Засега нема информации за евентуални жртви.

Полицијата ја опколи областа за да спречи повреди и да го олесни пристигнувањето на возилата за итна помош.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни