Балкан

Лукоил престанува да работи без руска нафта

Доколку престане увозот на руска нафта во Бугарија, ќе престане да работи единствената нафтена рафинерија во Бугарија Лукоил Нефточим Бургас.

Ова го изјави претседателот на Управниот одбор на претпријатието Илшат Шарафутдинов за Бугарското национално радио.

Според него, можно е да се бара увоз на нафта од други земји, но за тоа ќе биде потребно време.

„Засега нема таква закана, но доколку повторно се појават екстремни манифестации на забрани за руската нафта, не можеме ништо да гарантираме. Досега не се разработени ниту логистика ниту технологија. Ако застанат танкери, ќе застане и Лукоил“, изјави Илшат Шарафутдинов, претседател на Управниот одбор на Лукоил.

За кратко време можеби ќе има алтернативи, но дали ќе извадиме 90, 93 или 95 проценти, никој не може да каже додека не каже каква нафта ќе се преработува“, рече Шарафутдинов.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни