Луксузни автомобили оставени во депонија

Кога се поседува луксузен автомобил не е баш мала работа, тие знаат да чинат неколку илјади евра и бараат скапо одржување, а нив најчесто ги поседуваат помоќните луѓе.

Меѓутоа, кога ќе бидат запленети од полицијата, тоа често станува крајно неисплатливо, како што тоа е случај во Кина.

Имено, видео објавено на Јутјуб покажува неколку луксузни автомобили кои биле конфискувани во Кина, а кои сега се распаѓаат на депонија за „сушествата“ на четири тркала.

Повеќето од нив не биле значително оштетени, но сепак, се оставени таму, па нивното враќање на патиштата не би било баш евтино.

Видеото прикажува и примерок од претходната генерација на „Шевролет Корвета“, па „Порше Панамера турбо“, „Ауди Р8“, „Астон Мартин винтаџ“ и „Бентли континентал флyинг спар“. Не се најскапите возила на денешницата, но сепак е тажно да се види како пропаѓаат…

За разлика од некои други земји, кинеските власти не ги продаваат автомобилите на аукции.

Филипините пак, поразлично го решаваат проблемот со конфискуваните возила – ги уништуваат и ја објавуваат снимката јавно. И Дубаи, исто така, има „депонија“ на суперавтомобили.