Унгарскиот премиер Петер Маѓар соопшти дека телефонски разговарал со претставници на студентската листа во Србија и им ја честитал изборната победа, притоа уверувајќи ги дека ќе ја имаат поддршката од Унгарија.
„Штотуку разговарав телефонски со лидерите на студентската листа, која победи на изборите во Србија, за да им ја честитам победата. Им ја потврдив поддршката од Унгарија“, напиша Маѓар.
Тој додаде дека му било драго да слушне оти изборниот резултат на неговата партија во Унгарија во април им послужил како поттик на студентите во Србија.
„Многу ми беше драго да слушнам колку нашата победа во април им даде сила во текот на оваа тешка борба“, наведе Маѓар.
Претходно во текот на денот, Маѓар исто така се огласи во врска со изборите во Србија, посочувајќи дека во изминатите денови разговарал со лидерите на неколку балкански земји. Тој наведе дека изборниот ден во Србија го потсетил и на настан од неговото детство.