Балкан

Мајка во Грција го продала новороденчето за 3.500 евра, со парите купила автомобил

Мајка во Грција го продала новороденчето за 3.500 евра, со парите купила автомобил

Случај на сомнеж за незаконско посвојување и продажба на новороденче е откриен во Грција, каде што две жени се соочуваат со обвиненија по полициска истрага. Според наводите, 40-годишна жена го предала своето новородено бебе на друга жена во замена за 3.500 евра, а парите ги искористила за купување автомобил.

Според грчките медиуми, повикувајќи се на полициски информации од западниот дел на Пелопонез, мајката на почетокот на годинава му го предала бебето на 32-годишна жена од Аспропиргос, град во близина на Атина.

Бебето било родено во јануари во регионот на Патра, а во моментов привремено е згрижено во болница.

Случајот потсетува на сличен настан откриен во Македонија пред неколку месеци. Тогаш, скопскиот Кривичен суд изрече затворски казни за петмина обвинети за трговија со дете, откако утврди дека новородено девојче од кумановската болница, само неколку дена по раѓањето, било предадено на брачен пар од Скопско.

Во тој случај, според првостепената пресуда, за бебето биле исплатени 4.000 евра, а во посредувањето учествувала згрижувачка на деца од Центарот за социјална работа.

Ноќно студио

Најнова епизода

Една година од почетокот на судењето за „Пулс“ – кои одговори ги чекаат родителите? | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни