Балкан

Македонија и Бугарија не се разбраа за цената за струјата која треба да ни ја продадат

Македонија и Бугарија не се разбраа за цената за струјата која треба да ни ја продадат

Бугарија и Северна Македонија не постигнаа договор за цената на струјата што Бугарија ќе ја извезува во Македонија.

Во Софија отпатува работна група од Скопје. На неа учествуваа директорите на македонските енергетски компании, Васко Ковачевски и Орхан Муртезани, како и Виктор Андонов – советник на премиерот Димитар Ковачевски.

Не е постигнат договор за цената и трошоците за транспорт на електрична енергија.

Скопје очекува да добие пониска цена за најмалку 15 проценти од онаа на берзата, јавуваат македонските медиуми. Тоа значи помалку од 400 евра за мегават час.

Работните групи повторно ќе се сретнат следната недела.

Премиерите Галаб Донев и Димитар Ковачевски на 5 септември се договорија да и помогнат на нашата земја со струја и да увезуваат по околу 5 гигавати дневно.

Медиумите во Бугарија пушуваат дека државните претпријатија во Северна Македонија се соочуваат со банкрот поради високите сметки, па очекуваат струја од Бугарија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни