Македонија

Македонија на 7-мо место во светот по бројот на починати, 5-то во Европа – ги надминавме и САД

737 лица само во месец ноември се регистрирани дека починале како последица на коронавирусот. Со вчерашните 32 починати лица, Македонија ги надмина и САД на светската лица земји со најголема смртност од коронавирусот на 1 милион жители. Се наоѓаме на 7-мо место во светот и во ТОП 5 во Европа.

Во КОВИД-центрите во Скопје во изминатите 24 часа се хоспитализрани 38 пациенти поради компликации од коронавирусот и вкупно 480 лица сомнителни и потврдени се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 816 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни