Македонија

Македонија на прво место во светот по удел на пушачи – пуши речиси секој трет жител

Македонија на прво место во светот по удел на пушачи – пуши речиси секој трет жител

Македонија се најде на првото место на листата на земји според уделот на пушачи меѓу населението постаро од 15 години. Според податоците објавени од „World of Statistics“, кои се повикуваат на податоци од „World Population Review“, 39,5 отсто од населението во Македонија пуши.

Со овој процент, Македонија е пред Тимор, каде што уделот на пушачи изнесува 38,2 отсто. На третото место е Либан со 37,2 отсто.

Од земјите во регионот, високо на листата се и Бугарија и Србија, со по 35,8 отсто пушачи. Црна Гора е на 33,6 отсто, додека Хрватска е со 32 отсто.

Во рангирањето се наведува дека Индонезија и Турција имаат околу 30 отсто пушачи, а со истиот удел е наведена и Франција.

Унгарија е на 28 отсто, додека Шпанија е на 18. место со 25 отсто пушачи.

Според прикажаните податоци, Македонија има највисок удел на пушачи меѓу сите земји опфатени во ова рангирање.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни