Македонија не го укинува ПЦР тестот – Владите на Косово и Македонија сѐ уште без одлука

Иако се најави дека оваа недела ќе се одлучува за отворање на границите без услови меѓу земјите од регионот, особено меѓу Косово и Северна Македонија, таква одлука се уште нема. Од Министерството за здравство велат дека ги чекаат членовите на работната група од другите земји од регионот  за да се донесе заедничка одлука за границите.

Се вчитува...

„Познати се членовите на работната група од Косово и Северна Македонија. Во меѓувреме се очекуваат и членовите од останатите земји од регионот.Оваа работна група ќе обезбедува континуирана размена на информации за епидемиолошката ситуација во земјите. Целта е да се има подобро согледување на епидемијата во секоја од земјите и врз основа на тоа носење на заеднички одлуки, поврзано и со режимот на поминување на границите“, велат од Министерството за здравство.

И од Министерството за здравство на Косово го велат истото.

„Овие денови сме во контакт и со земјите од регионот, добиваме статистики и од западните земји, за жал има пораст на бројот на заразени. Ние ги проценуваме мерките, ќе направиме и проценка на мерките за движење на граѓаните, било од западните земји или од регионот, з ада ја зачуваме стабилноста и да ја имаме состојбата под контрола“, посочи Арменд Земај.

Во меѓувреме, денеска во нашата земја се регистрирани повеќе оздравени пацинети од Ковид-19 отколку заразени. Од вкупно 464 направени тестирања, 37 лица добиле позитивен резултат на Ковид-19. Во последните 24 часа, 4 пациенти ја загубиле битката со вирусот а вкупниот број на заразени во нашата земја од почетокот на пандемијата изнесува 15.827, а вкупниот број на заразени во соседно Косово е 14.692, а во последните 24 часа во Косово се регистрирани 55 новозаразени со коронавирус.

.

Извор: ТВ21