Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија оваа година е земја-партнер на саемот во Измир, Турција (Travel Turkey – Izmir). Со официјален говор пред туристички работници, политичари, амбасадори и министри за туризам од светот, директорот на АППТ, г-дин Љупчо Јаневски ја промовираше убавината на Македонија и ги потенцираше традиционалното пријателство, соработка и разбирање што двете земји го имаат во секоја индустрија.
Подвлекувајќи го фокусот на Владата на Република Македонија на развојот на туризмот како една од водечките индустрии во светот и фактот дека бројот на странски гости, а посебно гости од Турција во Македонија е во постојан подем, директорот Јаневски го образложи значењето на растот и неопходноста на земјите во развој да усвојат концетнтриран и координиран пристап кон планирањето, развојот и координацијата меѓу индустриите, владите и образовните институции, со цел исполнување на потенцијал во годините што следат.
Македонија како земја партнер на саемот во Измир е во фокоус на интересот на сите делегации и посетители. Штандот на Македонија го посети и министерот за туризам на Турција, г-дин Мехмет Ерсој кој бараше одговор на причините зошто Македонија е земја-партенер токму на саем во Турција. “Турција е прв пазар за Макеоднија и најголем број на туристи имаме токму од овој пазар, околу 135,000 туристи годишно. Следствено на тоа, логично е да дадеме и најголем акцент на промоцијата на Македонија на овој пазар, а дел од таа промоција е Македонија да биде земја – партнер на саемот во Измир, град во Турција каде има најголем број на македонска дијаспора, и од каде ни доаѓаат најголем број на туристи. На почетокот на следната година е саемот во Истанбул каде Македонија ќе има рекорден број на ко-егзибитори ” – му појасни директорот Јаневски на министерот Ерсој, упатувајќи директна покана за средба во Скопје на која би разговарале за дополнителна соработка и зголемување на аранжманите за 5 до 7 дена, преку што би се постигнало и зголемување на просечниот престој на турските туристи.
На саемот во Измир се оствари средба и со делегација на ТУРСАБ предводена од директорот, г-дин, Фируз Б. Багликаја на која се договорија следните чекори на сорабтка во кој спаѓа информативно патување на 20-25 тур-оператори од Турција, зголемен фокус на АППТ на турскиот пазар, посета на Македонија на турски мастер шефови со цел на снимање на емисија за гастрономиј и слични проотивни активности кои би ја зацврстиле соработката.
Една од поуспешните средби во Измир е со авионската компанија Пегасус и туристичката агенција Џоли травел, со кои Директорот Јаневски и амбасадорот на Република Макеоднија во Република Турција, н.е. Звонко Муцунски дискутираа за нова директна линија Измир – Скопје– Измир и Измир-Охрид- Измир, кои би требало да почнат да оперираат од крајот на месец мај, 2019 година.
