Македонска државјанка повредена во сообраќајка близу Кукуш

Стадо диви свињи, веројатно е причината за сообраќајна несреќа на патот во близина на грчкиот град Кукуш во која биле вклучени три возила – од кои едно полициско, едно од Северна Македонија и едно од Грција и во која загинаа двајца грчки граѓани, а се повредени четири лица, меѓу кои и македонска државјанка.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, полициско возило со тројца полицајци удрило во стадото диви свињи и излетало од патот, потоа следел автомобилот со македонски регистарски таблички со двајца патници, кој исто така удрил во стадото и се превртел и на крај уште едно возило, грчко, удрило во патролното возило на полицијата.

Се вчитува...

Во несреќата е повредена сопатничката во македонското возило, како и тројцата полицајци, а двете лица од грчкото возило загинале.

Неофицијално повредената Македонка е пренесена во болницата во Кукуш.