Македонската фудбалска јавност е во тага по веста за смртта на фудбалерот Аган Асани. Од Фудбалската репрезентација на Македонија преку објава изразија длабоко сочувство до неговото семејство, соиграчите и целиот колектив на КФ Куманово.
„Со голема тага ја примивме веста за загубата на нашиот фудбалер, Аган Асани. Неговото заминување остави огромна болка кај соиграчите, тренерите и целото семејство на КФ Куманово“, стои во објавата.
Од репрезентацијата упатија искрено сочувство до семејството Асани, нагласувајќи дека Аган засекогаш ќе остане во нивните срца.
Веста за неговата смрт предизвика бројни реакции и пораки на сочувство од спортската јавност и љубителите на фудбалот.