Македонија

Македонските аеродроми рушат рекорди, Николоски очекува четири милиони патници до крајот на годината

Македонските аеродроми рушат рекорди, Николоски очекува четири милиони патници до крајот на годината

Македонските аеродроми бележат рекорден број патници, а до крајот на годината се очекува бројката да достигне четири милиони. Според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, растот е резултат на субвенционирањето нови авиолинии и инвестициите во аеродромската инфраструктура.

Николоски посочи дека проекциите за 2030 година се остваруваат уште во 2026 година, а позитивниот тренд се очекува да продолжи и во наредниот период.

„Очекувам само скопскиот аеродром да помине 3,6 милиони патници и ако имаме малку среќа, очекувам до крајот на годината да можеме да имаме една убава церемонија за четири милиони патници на двата аеродроми, што споредено со 2,4 милиони патници во 2024 година е еден огромен скок“, истакна Николоски.

Вицепремиерот најави и можност за воведување нови чартер-летови до охридскиот аеродром, со кои би се привлекувале туристи и надвор од летната туристичка сезона.

Станува збор за големи чартер-тури, кои би овозможиле слетување на најмалку два авиона со туристи дневно во периодот од октомври до мај.

Николоски нагласи дека чартер-летовите сè уште не се официјално потврдени, но изрази оптимизам дека наскоро ќе биде постигнат договор, што би претставувало дополнителен поттик за развојот на охридскиот аеродром и туризмот во земјава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни