Македонија

Приведен 36-годишен гевгеличанец – ја следел и вознемирувал партнерката

Приведен 36-годишен гевгеличанец – ја следел и вознемирувал партнерката

На 13.11.2026 во 19:40 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Ф.П.(36) од Гевгелија.

Според пријавеното, тој агресивно се однесувал кон 43-годишна жителка на Гевгелија, со која бил во врска, а воедно континуирано ја следел и вознемирувал.

Лицето е задржано во Полициска станица Гевгелија, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

Во текот на денот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава и тој ќе биде изведен пред судија од Основен суд Гевгелија.   

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни