Македонија

Македонците во Албанија со честитка за 8 Септември: Македонија е нашиот завет, потребна е стратегија за заштита на идентитетот

Македонците во Албанија со честитка за 8 Септември: Македонија е нашиот завет, потребна е стратегија за заштита на идентитетот

Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и македонските друштва во Албанија упатија честитка до сите Македонци во татковината и низ светот по повод 8 Септември – Денот на независноста, порачувајќи дека Македонија е нивниот завет.

Од МАЕИ потсетуваат дека референдумот од 1991 година бил остварување на вековниот сон за кој се бореле генерации Македонци, нагласувајќи дека Македонците од Албанија уште тогаш го поддржале овој чин преку посебна петиција испратена до државниот врв.

Во честитката се предупредува и на актуелните предизвици со кои се соочува заедницата:

  • Обиди за асимилација: Македонците во Албанија денес се изложени на притисоци и негирање на идентитетот од страна на Бугарија.
  • Повик за државна поддршка: Потребни се силна, принципиелна и долгорочна стратегија и заштита за Македонците надвор од матичните граници.

Честитки упатија и македонското друштво „Илинден“-Тирана, друштвото „Преспа“ и здружението „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“, истакнувајќи дека преку негувањето на јазикот, културата и традицијата, Македонците во Албанија остануваат гордост и нераскинлив дел од македонската историја.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни