Макрон: Франција влезе во воена економија

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција ќе го промени својот шестгодишен план за воени трошоци по руско-украинскиот конфликт.

Францускиот претседател најави дека сака да ги зголеми воените трошоци по руско-украинскиот конфликт.

Се вчитува...

Макрон рече дека и наложил на владата „да ја преиспита програмата за воени трошоци во наредните недели во светлината на геополитичкиот контекст“.

„Франција влезе во воена економија во која верувам дека ќе се најдеме уште долго“, рече Макрон за време на отворањето на изложбата на оружје „Евросатори“ во Париз.

Францускиот претседател рече дека воената акција на Русија во Украина создава дополнителна потреба да се дејствува побрзо и да се биде посилен по пониска цена.

„Што се однесува до оние кои се сомневаат во итноста на овие напори, само треба уште еднаш да погледнеме во Украина, чии војници бараат квалитетно оружје и имаат право на одговор од нас“, рече Макрон.