Поврзи се

4NEWS.mk

Макрон: Нема почеток на преговори без претходна реформа на процедурата

Published

on

Францускиот претседател, Емануел Макрон, по лидерскиот состанок во НАТО, на прашање на МИА зошто ги блокираше преговорите со ЕУ за Македонија во октомври изјави дека не бил сам во таа одлука.

-Текстот продолжува по рекламата-

-Ја прифаќам лошата улога уште еднаш, ако сакаат луѓето да велат дека само Франција беше против, уште еднаш ќе прифатам, но Франција не беше единствена против почетокот на преговорите, одговори францускиот претседател.

Тој ја повтори позицијата на Париз дека ќе одбие секакво отворање на преговори со земји кандидати доколку претходно нема реформа на преговарачката процедура.

-Сметам дека пристапната процедура е премногу бирократска, конфузна, не е читка, не може да се сопре и не е релевантна, вклучително за засегнатите земји, прашајте ги Србите дали им се менува животот на секое отворање поглавје, мораме да ја обмислиме процедурата на постратешки начин, рече Макрон.

Макрон понатаму додаде дека „целосно ги признава постигнувањата на Македонија, вклучително и промената на името“ и дека станува збор за „многу храбар потег“.

-Но, пред кое било ново отворање преговори многу експлицитно кажав дека сакам да се реформира процедурата, таа да биде реверзибилна и да овозможи диференцијација, да биде пополитичка и да биде придружена од фази на стратешки партнерства со соодветни инвестиции, објасни шефот на француската држава.

Емануел Макрон ја доведе во прашања и сигурноста на полноправното членство за земјите од регионот во ЕУ, во одговорот на прашањето на МИА во Лондон.

-Целта кон западниот Балкан ни е целосно да ги вкотвиме од европска страна, тоа е геополитичкиот предизивик, тоа вкотвување можеби поминува преку перспективата на зачленување за некои, но треба да бидеме јасни дека поминува преку фази на стратешки партнерства и инвестиции. Основа грешка што ја направивме колективно беше да сметаме дека нашиот единствен однос кон западниот Балкан е членството. Може во даден момент да има членство. Многумина велат отворете ја процедурата, знаеме дека нема да се зачленат пред десет години… отвораме и никогаш нема да затвориме, видовме со Турција, вели Макрон.

Францускиот претседател дообјасни механизмот на ЕУ кон западниот Балкан е проширувањето, но дека тоа не е здраво.

-Го создадовме тој механизам во кој велиме нашиот однос кон западниот Балкан е проширувањето и всушност од замор одлучуваме да го сториме тоа, да отвориме и да прошириме, сметам дека тоа не е здраво и дека не си ги кажуваме работите искрено, изјави Макрон.

Тој по втор пат ги поздрави „напорите“ на Македонија, како и на Албанија и оцени дека треба да се отворат „канали кон посилно и поинтензивно стратешко партнерство“ придружено од поголеми инвестиции во регионот „кои ќе го сменат животот на народот“, меѓу другото во образованието и културата.

-Пред било кое отворање на преговори процедурата мора да се направи пореверзибилна и се надевам дека ќе успееме тоа да го сториме пред самитот во Загреб, рече Макрон.

-Сакам да бидеме јасни дека отворањето преговори нема да значи никаков автоматизам во однос на затворањето на тие преговори и сакам во позадина процедура во која повеќе инвестираме, изјави францускиот претседател.

Конечно, тој потврди дека Франција била и останува против било какво одвојување од Албанија.

-Одбивам одвојување на Албанија и Македонија, тоа е прашање на рамнотежа на регионот, лошо е да се одвојат, смртоносна одлука ќе беше ако отворевме со Македонија, а не Албанија, порача Макрон.

Тој им упати порака и на другите земји членки на ЕУ во однос на иднината на проширувањето и рече дека нема да прифати ниедна нова земја членка во ЕУ доколку претходно не се реформира процесот на консензуално одлучување и не се воведе поголема стапка на одлучување преку квалификувано мнозинство. Друг услов ќе биде земјите на ЕУ да прифатат дека не може секоја земја членка да има свој комесар во Европската Комисија.

Извор: Сител телевизија

Loading...
Совет за етика во медиуми

Музика и Филм

Со ангелски глас и песна во модерен ритам Сања Димова ќе ја освојува домашната сцена

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

Македонија

ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика во Битола – на терен противпожарни екипи

Музика и Филм

НОВО ВИДЕО: Момците од Театро бенд пеат „За тебе“

Македонија

ВИДЕО: Секоја чест! Полицајци од ПС Бутел спасија мало куче од дупка длабока 4 метри