Мал знак – еве како да откриете дали дали партнерот ви е верен

Момчето или девојката која лаже обично се обидува да го прикрие тоа на секој можен начин, но има малку работи кои што би можеле да ви дадат знак дека нешто не е во ред.

Експертот за терапија на парови Мелиса Ферари вели дека токму една од тие мали нешта може да биде навиката да го остави мобилниот телефон свртен со екранот надолу, особено ако тоа не е случај од претходно.

„Лицето кое го врти телефонот со екранот надолу, може да алудира дека нешто сака да скрие. Доколку вашиот партнер го исклучи тонот на телефонот и го сврти екранот надолу, веројатно веќе сте пропуштиле некои знаци. Еден од најголемите е ако забележите дека вашиот партнер е често отсутен и не покажува интерес за вас“, вели таа.

Сомнеж може да се јави и кога партнерот одеднаш сака да направи повеќе работи без вас или одеднаш почнува да се грижи за неговиот изглед, а вообичаен знак на неволја е ако тој покажува незаинтересираност во вас и во спалната соба.