Оваа година, ние, младите социјалдемократи, 27-миот роденден го одбележуваме со повеќе младински акции за хуманост, солидарност, помош и поддршка на нашите сограѓани наместо прослави и забави, овој викенд, младински хуманитарни акции се спроведоа во 27 Локални клубови на СДММ, во 27 општини ширум Македонија.
„Младите од 27 општини собираа топла облека и обувки, храна, средства за лична хигиена, посетија повеќе семејства и социјално ранливи граѓани на кои им е неопходна помош и донираа. Младинските акции на СДММ ќе продолжуваат и следната недела. Следуваат неколку еколошки акции, повеќе хуманитарни настани, спортски турнири и слични активности преку кои нема само да ја одбележиме 27 годишнината на СДММ туку преку конкретни активности ќе придонесеме и ќе им помогнеме на социјално ранливите, на нашите сограѓани“, изјави денеска потпретседателката на СДММ, Ана Манасиевска.
