Breaking Битолчани од утрово чекаат пред експозитурите на „Алта банка“
4NEWS.mk

Мареј емотивно реагираше по првата титула по операцијата

Британскиот тенисер Енди Мареј не успеа да ги задржи солзите по освојувањето на финалето на турнирот во Антверпен. Вчера, во решавачкиот натпревар, тој го совлада Стен Вавринка од Швајцарија со 2-1 (3:6, 6:4, 6:4).

Овој наслов беше прв за Мареј по операцијата на колкот.

-Мене многу ми значи овој трофеј. Во последниве години беше многу тешко. Стен и јас имавме многу повреди подолг период. Многу е убаво повторно да се сретнеме во финале. Тоа беше извонреден меч. Не го очекував ова, затоа сум многу, многу среќен, изјави мареј.

Поради хронична повреда на колкот, Британецот планираше да ја прекине кариерата.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни