Шведска ја посочи како добар пример во битката со коронавирусот професорот Вело Марковски во вечерашното гостување на „Клик Плус“ на ТВ21.
Тој смета дека Шведска со одлуките кои ги донесе реши правилно да се бори со коронавирусот.
Патем, тие со денови немаат нови случаи, а според Марковски, си ја зачувале и економијата.
„Шведска со денови нема заразени, тие завршија. Следната сезона ќе немаат проблем. Не си ја уништија економијата. Ние имаме сега еден куп заболувања кои ги запоставивме. Си направивме паника, а после два месеци настана хаос“, рече Марковски.
.
