Марковски во ClickPlus објаснува како да се лекуваме од коронавирус

Професорот Вело Марковски во „Клик Плус“ на ТВ21 објасни како да се лекуваме од коронавирус. Тој смета дека има различно лекување доколку имате лесни, тешки и најтешки симптоми.

„Ако е чисто ковид, мора да се оди симптоматски. Да не се оди со лекови за кашлање, за искашлување.

Ако пациентот има само лесни симтоми, доволно е само витамини, мирување, чаеви… Ако е компликација бактериска, да се види која бактерија е, и да се лекува бактеријата.

Ако падне во тешка состојба. Доколку стигне до интензивна нега, тогаш треба да е оцени кое време се ставаат на респиратор“, рече Марковски.

.

Извор: ТВ21