Свет

МАСАКР ВО АМЕРИКА Убиени 8 лица, полициската потера по убиецот е во тек

МАСАКР ВО АМЕРИКА Убиени 8 лица, полициската потера по убиецот е во тек

Најмалку осум лица се убиени во две одвоени престрелки во предградие на Чикаго, а во нив е осомничен истиот човек, јавува Си-Ен-Ен.

Според информациите, полицијата во Чикаго почнала да го брка Ромео Нанс (23).

Познато е и името на првата жртва. Станува збор за Тојоси Бакаре, имигрант од Нигерија, а американските медиуми јавуваат дека седумте жртви од новото пукање се во роднинска врска со семејството.

Полицијата почнала да го следи автомобилот на Нанче (црвена „тојота камри“), а на адресата каде што бил регистриран, ги открила прво телата на двајца, а потоа уште пет лица.

Мотивот не е познат, само е утврдено дека убиецот ги познавал жртвите, кои се уште не се идентификувани. ФБИ се вклучи во се.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни