Свет

Масакр во Хрватска: Маж упаднал во дом за стари лица и почнал да пука во луѓе, најмалку петмина мртви

Масакр во Хрватска: Маж упаднал во дом за стари лица и почнал да пука во луѓе, најмалку петмина мртви

Пет лица загинаа во Домот за стари и изнемоштени лица во Дарувар, Хрватска јавува Јутарњи лист.

Како што неофицијално дознава Јутарњи, маж влегол во Домот за стари и изнемоштени лица и почнал да пука во луѓето. Пет лица загинале на лице место, а на некои сè уште им е укажана лекарска помош, јавува Н1 Загреб. Убиецот потоа побегнал, но полицијата набрзо го фатила во близина на кафулето Даруварац.

Во Дарувар ѕвонат сирените на сите можни служби за итни случаи, јавува Н1 Загреб.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни