Принцезата Дијана беше природна убавица, но имаше проблеми и со несовршености на кожата, вклучително и розацеа!
И покрај тоа, нејзината кожа изгледаше негувано, сјајно и чисто
Нејзината шминкерка и пријателка Мери Гринвол откри како го постигнала тоа.
„Таа беше многу разумна кога станува збор за кожата. Секогаш би се погрижила да ја тргне шминката на крајот од денот и да го чува лицето чисто пред да се шминка“, рече таа.
Таа верува дека принцезата Дијана и денес би ги користела сите препарати како креми и серуми за позрела кожа.
Рутината на Лејди Ди вклучуваше и едноставна маска за лице од авокадо која помага да се направи кожата сјајна и помека.
Состојки:
- половина зрело авокадо
- 2 лажици топла вода
- 1 лажица мед
Подготовка и примена:
- Изгмечете го авокадото.
- Растопете го медот во топла вода, а потоа додадете го авокадото и измешајте сè заедно во еднолична смеса.
- Нанесете ја маската на лицето, оставете да делува 10 минути, а потоа исплакнете ја со млака вода.
