Поврзи се

4NEWS.mk

Масовна средба на лицата со телесен инвалидитет

Published

on

Осма масовна средба на лицата со телесен инвалидитет ќе се одржи денеска во дворот на Центарот за ортотика и протетика „Славеј“ во Скопје.

-Текстот продолжува по рекламата-

Се очекува, на средбата што ја организира Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет – Мобилност Македонија, да присуствуваат околу 300 лица со телесен инвалидитет од 16 здруженија, членки на сојузот.

Од Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет информираат дека средбата традиционално се организира под мотото „Сплотени, достоинствени и силни“, со што сакаат да испратат силна порака до институциите во државата дека само обединети и организирани ќе имаат сила да се изборат за целосна инклузија на лицата со телесен инвалидитет во сите пори на општеството на еднаква основа со другите.

Исто така, од Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет сакаат да ги потсетат институците за обврските на државата за подобрување на пристапноста, здравствената заштита, образованието, вработувањето и целосната социјална инклузија на лицата со телесен инвалидитет, во духот на конвенцијата на ОН за правата на лицата со инвалидност и препораките на Комитетот за правата на лицата со инвалидност при ОН од 21 септември 2018 година.

Главен покровител на средбата е Центарот за ортотика и протетика „Славеј“, кој на просторот во нивниот двор ќе приреди забавни содржини, како што се натправар во пинг понг, во пикадо и во вешто управување на инвалидска количка. 

Извор: Сител телевизија

Loading...
Совет за етика во медиуми

Реклама
4NEWS.mk

Австралиски научници открија: Лек против вошки го убива вирусот Ковид-19

4NEWS.mk

Во Австрија за првпат повеќе оздравени од новозаразени

4NEWS.mk

Пациентот од Кратово кој синоќа почина во Ковид центарот во ГОБ 8-ми септември не бил позитивен на корона вирусот

4NEWS.mk

Жител на Горно Коњаре осомничен за обид за убиство и за напад врз полициски службеници

4NEWS.mk

Кој модел ќе го искористи Пендаровски ако треба да ја продолжи вонредната состојба

4NEWS.mk

Во Австрија повеќе излекувани отколку новозаразени

4NEWS.mk

Почина мајката на сопругата на претседателот Пендаровски, тестот ќе покаже дали била заразена од корона вирус

Македонија

Сведоштво од државен карантин: „Хотелот е добар, но храната не е доволна“

Македонија

Димитров: Kатарска авиокомпанија не дозволуваше чекирање на наши државјани, ги оставаше на улица и со финансиска штета

Македонија

Поради новиот полициски час, од утре измени во возниот ред на ЈСП и изменето работно време на билетарниците

Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com