Свет

Масовна тепачка на летот за Лондон: Авионот морал принудно да слета

Масовна тепачка на летот за Лондон: Авионот морал принудно да слета

Избила масовна тепачка меѓу патници на летот на ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ од Агадир, Мароко до Лондон, поради што пилотот принудно слетал, објави денеска „Њујорк пост“.

Весникот наведува дека инцидентот кој се случил на 3 јули започнал уште пред полетувањето кога еден од патниците побарал да го смени седиштето.

Тепачката се случила на летот за лондонскиот аеродром Станстед, а патниците врескале еден на друг додека персоналот на авиокомпанијата давал се од себе за да ги смири патниците.

“Беше толку стресно. Беше како бегство од пеколот. И ескалираше кога еден патник сакаше да ги смени седиштата”, рекол еден патник.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни