Македонија

Маж од Свети Николе почина во Германија, се бараат средства за телото да биде пренесено во Македонија

Маж од Свети Николе почина во Германија, се бараат средства за телото да биде пренесено во Македонија

На социјалните мрежи кружат апели за помош за лице од Свети Николе кое ненадејно починало во Германија.

Се работи за лицето Зоран Ангеловски, а се бараат финансиски средства за телото да биде пренесено во Македонија.

„Почитувани, сакаме да ве известиме дека вчера, на 22.07.2024, ненадејно почина наш сограѓанин Зоран Ангеловски, роден 25.10.1974. Бидејќи човекот живеел сам во Карлсфелд, С.Р Германија и немал фамилија овде потребни се средства во висина од 3.000 € за превоз на покојниот за Свети Николе, Македонија, за да биде таму погребан. Ќе ве замолиме, доколку сте во можност, да помогнеме покојниот да се врати доле“, објавено е на страната МPC Sv.Troica – Мinhen.

Од таму додаваат дека се работи за сметка на негов другар кој во Минхен ќе се погрижи за транспортот.

Истиот можете слободно да го контактирате на 0152 22740665.

Zhivko Mitev
DE68 7004 0045 0542 1052 00
Verwendungszweck: Transport Verstorbener Zoran Angelovski

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни