Македонија

Маж почина по несреќа при сеча на дрва во Пехчевско

Маж почина по несреќа при сеча на дрва во Пехчевско

Тешка несреќа со смртни последици го потресе пехчевскиот регион, откако 58-годишен маж го загубил животот при сеча на дрва во близина на селото Панчарево.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 17 јули 2026 година во 18:42 часот во СВР Штип, преку Итната медицинска помош од Пехчево.

Според пријавеното, медицинските екипи околу 18:10 часот биле повикани да интервенираат во близина на селото Панчарево, каде се случила несреќата.

Како што соопшти МВР, Ј.Ѓ. (58) во моментот бил на сеча на дрва заедно со својот син, при што се здобил со тешки телесни повреди. И покрај обидите на медицинските лица да му помогнат, тој починал за време на транспортот кон здравствена установа.

По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Делчево, телото на починатиот било предадено на обдукција.

Надлежните институции преземаат мерки за утврдување на сите околности под кои се случила трагичната несреќа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни