Македонија

Маж се затрул од истечена плинска боца, пронајден мртов во својот дом

На улица „Македонски револуционери“ во Пробиштип во сопствениот дом бил пронајден починат М.Т.(52).

Според првичните сознанија, смртта најверојатно настапила како последица од труење од истечена плинска боца.

Починатиот М.Т. бил пронајден од неговиот брат Б.Т.(55), кој кога влегол во просторијата исто така паднал во бесознание, по што со помош на други роднини бил пренесен во Медицински центар Штип, каде му била укажана лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни