Синоќа маж пронашол напуштено дете среде ноќ во Крагуевац. Бебето било примено во болница и, како што објави Блиц, е во добра состојба.
Едногодишно девојче било пронајдено во количка на тротоар во улицата Змај Џонина, потврди полицијата. Моментално е во згрижувачко семејство.
Детето го пронашол случаен минувач во 2 часот и 45 минути по полноќ. Како што неофицијално дознава РТС, надлежните служби ја идентификувале мајката на детето, која наводно го оставила девојчето со нејзиниот татко пред зградата во која живее.