Балкан

Мажот кој ја уби девојката во Нови Сад имал забрана за приближување

Мажот кој ја уби девојката во Нови Сад имал забрана за приближување

На мажот (34) кој ја уби поранешната девојка (27) во Нови Сад, му беше одредена забрана за приближување, а во април му беше одземено оружјето поради пријава за насилство, дознава Н1.

Тој претходно работел во продавница за оружје лоцирана недалеку од салонот за убавина каде што работела девојката и го украл оружјето со кое го извршил убиството, неофицијално дознава Н1.

Инаку, тој е ловџија и имал оружје во легално поседување. Како што неофицијално дознаваме, мажот бил пријавен за насилство во април, по што на девојката му била изречена итна забрана за задржување, а оружјето било одземено.

Попладнево ја убил својата девојка, а потоа и себеси во салон за убавина на улица Јована Суботиќ бр.24. Прво пукал во излогот, а потоа влегол внатре и испукал четири куршуми кон девојката. Тој заврши пукајќи се себеси. Двајцата починале на лице место.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни