Медитеранска исхрана за подобар квалитет на сон

Доколку сакате да пробате нов начин за подобрување на квалитетот на сонот, време е да почнете да се храните на медитерански начин.

Една студија неодамна објавена во Журналот на Академијата за исхрана и диететика ги анализирала претходните истражувања објавени помеѓу 1975 и 2021 година.

Целта беше да се одреди кој тип на диета најдобро помага да се подобри квалитетот на сонот. Истражувачите истакнаа дека медитеранската исхрана е убедливо подобра од останатите.

„Оние кои јадат повеќе зеленчук, јаткасти плодови, маслиново масло, риба и други морски плодови итн., имаат подобар сон. Исто така, важно е да се ограничи внесувањето на кофеин“, вели авторката на студијата Кетрин Вилсон.

Мајкл А. Гранднер, кој исто така учествувал во истражувањето, изјавил дека повеќето луѓе навистина не разбираат дека податоците сугерираат дека помалку се работи за специфична храна, а повеќе за општата исхрана.

„Диетата со најголем број калории во телото во текот на средината на денот е најкорисна за спиење“, вели тој.

За потсетување, американската медиумска група News & World Report и додели на медитеранската диета златен медал за најдобра диета во 2022 година. Ова е петта година по ред како овој тип на диета се најде на тронот.