Медиумски ден: Средношколци во посета на ТВ21

ТВ21 се приклучи на иницијативата за одбележување на Медиумскиот ден во организација на Високата школа за новинарство. По трет пат за три години нашата тв беше домаќин на средношколци од неколку училишта од Македонија, поточно “Зеф Љуш Марку” -Скопје, “28 Ноември”-Дебар, “Орце Николов” – Скопје и “Добри Даскалов” – Кавадарци, кои беа запознаени за тв како медиум и професионалното новинарство.Високата школа за новинарство и за односи со јавноста по четврти пат организира Медиумски ден за средношколците од Македонија.

Освен ТВ21, средношколците беа во посета на МРТВ, Макфакс, Нова Македонија, неколку радија и онлајн медиуми.

Се вчитува...

Извор: ТВ21