Свет

Медведев по референдумите: „Добредојдовте дома, во Русија“

Медведев по референдумите: „Добредојдовте дома, во Русија“

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев ги коментираше резултатите од референдумите организирани во четирите украински региони кои се под руска контрола. На нив, жителите на самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск и делови од Запорожје и Херсонската област заземени од Русија беа прашани дали сакаат да се приклучат на Руската Федерација.

„Резултатите се очигледни. Добредојдовте дома, во Русија!“, напиша Медведев на својот канал Телеграм, пренесе ТАСС.

Плебисцитите, отфрлени од Киев, Вашингтон и ЕУ како фиктивни и незаконски, се одржаа од 23 до 27 септември. Властите во областите контролирани од Русија објавија дека 87 наспроти 99 отсто од оние кои учествуваа во гласањето гласале за приклучување кон Русија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни