Данил Медведев и Александар Зверев ќе играат во големото финале на турнирот во Шангај. Медведев во два сета во тајбрејкот го елиминира Стефан Циципас со што избори 9-то турнирско финале во оваа година додека Зверев полесно славеше против Матео Беретини исто така во два сета.
Финалето се игра утре во 10.30ч а интересно Медведев нема победа во досегашните 4 пресметки со германскиот тенисер.