Војвотката од Сасекс Меган Маркл го прослави својот 40-ти роденден, а според тамошните медиуми таа планира интимна прослава во нејзиниот дом со околу 60 гости.
Но, потегот на кралицата Елизабета се чини дека и го „украде“ моментот.
Имено, на официјалната страна на кралицата на „Твитер“ објавени се три фотографии со Меган под кои стои напишано: „Среќен роденден на војвотката од Сасекс!“.

