Институт за специјална едукација и рехабилитација при Филозофски факултет во Скопје организира Меѓународна студентска конференција за лица со попреченост, која ќе се одржи од 13 до 15 септември на Филозофскиот факултет. Покровител на конференцијата е премиерот Зоран Заев.
Конференцијата, во чиј фокус се лицата со попреченост, е прва од ваков тип, а учество со теми и разработка на можностите за подобрување на квалитет на животот на оваа категорија се разгледува од различни аспекти.
На неа ќе учествуваат студенти од различни факултети, меѓу кои и студенти со попреченост. Конференцијата ќе биде инклузивна во целост и како даватели на услуги (угостителски и за изработка на конференциски материјали) ќе бидат задолжени лицата со попреченост.