Единаесет лица се уапсени откако градоначалникот на едно место во мексиканската држава Чиапас го извлекле од неговата канцеларија, го врзале за камион и го влечеле по улиците, зошто наводно не го исполнил предизборното ветување дека ќе ги поправи локалните патишта.
Инцидентот се случил во вторникот, а градоначалникот го нападнале земјоделци, пишува Би Би Си.
Градоначалникот Хорхе Луос Ескадрон Ернандес многу брзо го ослободила локалната полиција, а тој не претрпел сериозни повреди, но најави дека ќе поднесе тужба за киднапирање и обид за убиство.
На видео снимките се гледа група мажи како го киднапираат градоначалникот од зградата и подоцна го влечат по патот.