Свет

Меланија има нов профил на Инстаграм, на него се уште не го следи Трамп

Меланија има нов профил на Инстаграм, на него се уште не го следи Трамп

МЕЛАНИЈА Трамп има нов профил на Инстаграм како прва дама на САД.

На социјалната мрежа денеска се појави профил под името @flotus, на него засега нема објави, не следи никого (ниту Трамп), додека тој профил го следат над 10 илјади луѓе. Фотографијата на профилот е црно-бела, а во описот само пишува „Прва дама на САД“.

Џил Бајден објави проштална порака

Иако некои очекуваа Меланија да продолжи да го користи профилот што го користеше во минатиот мандат, тоа не се случи. Тој профил останува „архивиран“, како и профилот на Џил Бајден кој од денеска е „архивиран“.

Последната објава на тој профил е проштална порака од сопругата на довчерашниот американски претседател. „Беше чест да служам како твоја прва дама и благодарна сум за тебе и за се што направивме заедно“, рече таа.

Приватниот профил на Меланија е сè уште активен и го следат над 2,5 милиони луѓе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Melania Trump (@melaniatrump)

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни