4NEWS.mk

Меркел го критикуваше Трамп за ксенофобијата кон конгресменките

Твитовите со ксенофобски пораки на американскиот  претседател Доналд Трамп „ им противоречат на тоа што Америка ја прави голема“, изјави денеска германскиот канцелар Ангела Меркел, изразувајќи солидарност со четирите конгресменки од Демократската партија, кои ги претставуваат малцинствата, а беа нападнати од американскиот лидер.

-Цврсто се дистанцирам од (нападите) и упатувам солидарност кон нападнатите жени, рече таа, додавајќи дека, според неа, „силата на Америка е во тоа што луѓе од различно потекло придонесоа за тоа земјата да биде голема“.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни