4NEWS.mk

Меркел: Велика Британија ќе го најде својот пат

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска  изјави дека очекува Велика Британија да го најде својот пат по напуштањето на Европската унија и дека нема основа за ароганција кон земјата.

– Тие ќе се вратат во вистинската насока. Јас воопшто не сум загрижена за Велика Британија. Мора да направиме напор затоа што е во наш интерес да имаме добри односи со таа земја и секоја форма на ароганција е целосно несоодветна во тој случај, рече Меркел пред новинарите во Франкфурт.

На прашањето дали погрешните потези на европската страна придонеле за актуелните проблеми на Велика Британија, Меркел призна дека можеби се направени грешки во континентална Европа, но изјави дека „дебатата за – дали го сакаме тоа или не , тлеела уште од моментот кога Велика Британија влегла во ЕУ“.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни