Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко ја поздравува одлуката на Владата да се заангажира за решавањето на проблемот со кучињата скитници.
„Тоа што премиерот Ковачевски го изјави, дека Владата ќе бара помош од Брисел, преку ИПАРД програмите да се изгради стационар за бездомните кучиња, и тоа само неколку часа откако јавно преку „Фокус” порачав дека државата треба да го реши тој проблем, за мене е исправен чекор. Општините, колку и да се труделе, за сето ова време, очигледно дека не најдоа ефективно решение“ – за „Фокус” вели Мерко.
Тој за порталот испратил и фотографии од нападната жена во Струга.
Вели дека го осудува убивањето на кучињата, но истовремено прашува како може нападнатата жена да ја заборави траумата, и колку време и средства ќе бидат потребни за таа да закрепне од повредите.

Извор: Фокус