Неприкосновениот Мерко кој стружани на шега го викаат македонската Ангела Мекел, не осврнувајќи се на забелешките од своите сограѓани кои го критикуваат за предизборно асфалтирање, изведување на паркинзи и велосипетски патеки без никакви критериуми, за потрошените 78.000 ева на софри и скапи автомобили, и покрај неколкуте кривични пријави- тој се бори за 4 мандат.
Битката за градоначалничката фотеља во Струга помеѓу Разми Мерко од ДУИ и Идри Истрефи од Алијанса е една од најнезвесните.
„Мерко да не си на скриена камера? За почеток убаво ќе беше со колектор во Радожда да почнеш.А за да скија некој, треба да има луѓе во Струга,никој не остана сите се странство! Депонијата планина се стори ,таа е рак рана на Струга,катастрофа ! Од екологија само Аудо А6 признавам.Немој само на месечина да заминеш,што ќе прави Струга без тебе ,еднаш мајка како тебе раѓа“, се пишува на Фејсбук.
