Балкан

Мигрантскиот притисок врз Грција расте – Крит се соочува со преполнети прифатни центри

Мигрантскиот притисок врз Грција расте – Крит се соочува со преполнети прифатни центри

Грција се соочува со најтешките 48 часа годинава во однос на пристигнувањето мигранти, откако повеќе од илјада луѓе беа спасени во водите околу Крит, а дополнителни стотици пристигнаа на островот.

Грчката крајбрежна стража денеска спасила 190 лица од три пловни објекти, кои претходно биле забележани од дронови на европската агенција за гранична и крајбрежна стража Фронтекс.

Во текот на вчерашниот ден, во десетина одделни спасувачки операции биле спасени околу илјада мигранти, додека приближно 700 стигнале до брегот на Крит. На карпестиот брег на соседниот остров Гавдос биле пронајдени телата на двајца мигранти.

Прифатните центри се преполнети

Вкупниот број мигранти на Крит достигна околу 2.500 лица, што предизвика сериозен притисок врз локалните капацитети за сместување.

Стотици мигранти со автобуси биле пренесени до пристаништето во Ираклион, каде што голем дел од нив останале на отворено поради недостиг на слободни места во привремените прифатни објекти.

Грчките власти најавија дека во текот на следната седмица ќе започне редовен транспорт на мигрантите до прифатните центри на копното.

Либија станува главна појдовна точка на новата мигрантска рута

Во последните години значително е зголемен бројот на мигранти кои преку Либија се обидуваат да стигнат до Европа. Меѓу нив има голем број државјани на Бангладеш, како и лица кои бегаат од вооружените конфликти во Судан.

Со тоа, островите Гавдос и Крит стануваат сè позначајни точки на јужната мигрантска рута кон Европската Унија.

Зголемениот број пристигнувања ги поттикна европските влади да воведуваат построги миграциски политики и да ја засилат контролата на границите.

Грција годинава ги интензивираше постапките за враќање на лицата чии барања за азил се одбиени, а заедно со уште четири земји членки на ЕУ планира од следната година дел од нив да ги испраќа во центар за депортација во Руанда.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни