Македонија

Мијалков влезе во струшкиот затвор, пред капијата дошол со куфер, без обезбедување

Според информациите на Телма, екс директорот на УБК Сашо Мијалков ја испочитувал судската покана за издржување на затворската казна од 3 години откако склучи спогодба со обвинителството за непријавен имот во случајот Империја и денеска после 14 часот се пријавил во отворениот затвор во Струга.

До затворот дошол сам, без обезбедување како што обично се движи, дознава „А1он“. На врата му бил направен личен претрес за да не внесува недозволени предмети. Заедно со него, Мијалков понел и лични работи, односно пред затворот се појавил со куфер.

Издржувањето на затворската казна во затворот во Струга, кој е од отворен тип, наиде на бурни реакции кај јавноста. Министерот за правда, Никола Тупанчески, ова го нарече „затворски туризам“, бидејќи погодностите во овој затвор се многу поголеми, а Мијалков не е прв кој искористи прилика да одлежи казна таму, со промена на живеалиштето во Охрид.

Пресудата за „Империја“ по претходна спогодба со Мијалков, беше изречена на 8 јули. Мијалков казната од три години ја доби со спогодба преку која на државата и даде имот вреден над 30 милиони евра.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни