Во живо Вонредно Ноќно студио 20:00 „Кризата со Алта Банка“ Гледај
4NEWS.mk

Милан должи 146 милиони

Италијанскиот фудбалски гигант, Милан во јануари нема да продава ниту еден играч иако клубот објави нрекорден минус од 146 милиони евра, пишуваат италијанските медиуми.
 
„Росонерите“ ќе го задржат постојниот тим во зимскиот преоден рок иако се 13-ти на табелата во Серија А.
 
Управата на клубот нема намера да се одрече од важните играчи во тимот, пред се голманот Џанлуиџи Донарума и крилниот напаѓач, Сусо по лошиот старт на сезоната и смената на тренерот Џампаоло.
 
„Тутомеркато“ пишува дека „росонерите“ ќе го задржат постојниот тим затоа што во спротивно тоа не би било во склад со целите за сезоната која е во тек.
 
Цехот за слабиот старт го плати тренерот, па сега „врел костен“ има в раце неговата замена Стефано Пиоли.
Викендов Милан во редовно коло од Серија А го ека дуел со тимот на Лече.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни